Во 1928 англискиот научник
Александар Флеминг работел во лабораторија со култури од бактерии. Кога еден
виде мувла, наречена пеницилин, случајно инфицирала друга култура, Флеминг
приметил дека е уништена бактеријата околу неа. Испитувањата покажале дека
мувлата произведува супстанција што ги убива најчестите бактерии и Флеминг таа
супстанција ја нарекол пеницилин. Она што е многу важно е дека пеницилинот не
ги уништува живите клетки во организмот, за разлика од антибиотиците кои биле
откриени пред него.
![]() |
Александар Флеминг, откривачот на првиот антибиотик |
Пред Александар Флеминг да го
пронајде пеницилинот во 1928 година, многу луѓе умирале од обични рани и
инфекции. Така, 18% од американските војници починале од пневмонија во Првата
светска војна, но во Втората светска војна, по откривањето на пеницилинот, од
истата болест починале само 1% луѓе. Научникот Селман Ваксман и неговиот
студент Алберт Шац откриле друг антибиотик, односно тие го откриле
стрептомицинот, кој бил наменет за болните од туберкулоза.
Кога веќе е неизбежно да се употребуваат антибиотиците, треба да внимаваме со што ќе ги комбинираме, а ова треба да се направи и со било кој друг лек, кој ни е ординиран од страна на лекарот. Имено, секогаш мора да се придржуваме до режимот на дозирање на лекот, односно треба да знаеме правилно да го дозираме бидејќи ако заборавиме да се напиеме антибиотик или пак, едноставно, самоволно ја прекинеме терапијата, тогаш инфекцијата во нас е сеуште неискоренета. Понатаму, таа инфекција може да предизвика уште посериозни последици. Откривањето на различните видови на антибиотици значително го зголеми животниот век на луѓето, но треба рационално да ги користиме зашто бактериите секојдневно стануваат се повеќе отпорни и како резултат на тоа неопходно е да се синтетизираат и откриваат нови антибиотици, што претставува голем проблем во медицината и фармацијата. Затоа:
- Антибиотикот
не е антипиретик, тој не се користи за намалување на температурата, па
затоа не употребувајте го при покачена температура!
- Антибиотикот
не е аналгетик, тој не ја намалува болката, па затоа не употребувајте го
доколку чувствувате било каква болка.
- Неговата
несоодветна употреба може да предизвика појава на несакани дејства и
интеракции, како и создавање на резистенција.
- Размислете
за друг избор, пред да земете антибиотици!