Thursday, May 15, 2014

Резистентност кон антибиотиците

Антибактериската терапија, односно антибактериското лечење на инфекциите е нерационално и несоодветно, бидејќи како последица од тоа лечење може да се јави резистенција. Исто така, антибактериската терапија е и доста скапа, особено за македонските стандарди.
Употребата на антибиотиците може да се анализира преку следниов пример: Влегувате во некоја просторија и ви мириса лошо, но сепак мора да седите во таа просторија. По три – четири часа доаѓа некој друг и ви вели дека мириса лошо, но сега вие лошиот мирис воопшто не го чувствувате бидејќи сте се навикнале на него, односно сте станале отпорни кон тој мирис. Па така е и кај антибиотиците. Ако неправилно и подолго ги користиме, стануваме отпорни кон нив, а тие нема да може да придонесат за нашето излекување. Па така, ако при секоја главоболка и кашлица земаме антибиотици, многу лесно ќе создадеме резистентност кон нив. Организмот ќе стане отпорен кон антибиотиците и кога навистина ќе имаме потреба од нив, тие нема да ни помогнат соодветно. Затоа треба да ги користиме рационално, односно антибиотиците да ги користиме само тогаш, кога навистина ни се потребни.
Меѓутоа, неопходно е и зад нас да стои квалитетен и искусен лекар, којшто правилно ќе процени каков антибиотик ни е потребен. Па така, ако имаме малку покачена температура и ако грлото ни е зацрвенето, не треба докторот веднаш да ни препише сумамед (азитромицин), кој има широк спектар на дејство, туку истиот треба да ни препише природен пеницилин, бидејќи природните пеницилини имаат потесен спектар на дејство кон одредени бактерии. Ова може да биде пресудно кон спречување на појавата на резистентност.

Затоа, за да не се спречи резистентноста кон антибиотиците, истите не треба да се земаат при: ситни кашлици, обична главоболка, црвено грло или температура од 370С, која трае само еден до два дена. 
На следново видео можете да го видите аниматскиот приказ за оваа резистентност.

No comments:

Post a Comment