Никој
на светот не е совршен, па таков е и случајот со лековите. Односно, не постои
идеален лек, туку сите лекови, вклучувајќи ги и антибиотиците, имаат свои
позитивни и негативни страни.
Пеницилини.
Ампицилинот, амоксицилинот и оспенот може да дадат алергиска реакција, која
може да биде проследена и со анафилактичен шок, при што може да дојде и до
гушење на самиот пациент.
Цефалоспорини.
Овие лекови (на пример, цефалексинот и панцефот) имаат слична хемиска структура
како пеницилините, па токму поради таа причина и тие може да дадат алергиски
реакции.
Тетрациклини.
Вибрамицинот кај мали деца може да предизвика потемнување на забите, како и
неправилно растење на коските. Кај постари луѓе пак, може да предизвика
оштетување на црниот дроб.
Полипептиди.
Овие антибиотици покажуваат висок степен на токсичност, особено ренална
токсичност, поради што нивната употреба е лимитирана.
Макролиди.
Азитромицинот може да предизвика нарушување на гастроинтестиналниот тракт, од
типот на гадење, повраќање и слично.
No comments:
Post a Comment